Во дербито на 31. коло од Серија А со пресврт и во бледо издание ,,Старата дама” дојде до триумф над ,,Росоњерите” со резултат од 2:1. Во првото полувреме Милан имаше водство од 0:1 со голот на Кшиштоф Пјатек, а во вториот дел резервистите донесоа пресврт и три бода за Јувентус.
Во 60 минута имаше најстрога казна која ја досуди главниот судија Фабри, а успешен реализатор беше Пауло Дибала. Во 84 минута се случи комплетниот пресврт кога во главна улога беа резервистите Пјаниќ кој асистираше до помладиот колега Мојс Кин кој ја затресе мрежата на Рејна за нови три бода.
Видео: Јувентус 0 – 1 Милан стрелец Пјатек
Видео: Јувентус 1 – 1 Милан стрелец Дибала (пенал)
Видео: Јувентус 2 – 1 Милан стрелец Кин



