Ново ,,Ел Класико” дерби и повторно триумфираше Барселона на ,,Сантјаго Бернабеу” среде Мадрид. После победата од 3:0 во полуфиналето на Копа Дел Реј и пласманот во финалето каталонците се ,,одомаќинија” во Мадрид и ги поразија ,,кралевите”, овој пат со резултат од 0:1 со голот на Иван Ракитиќ во 26 минута.
Винициус во продолжението се закани два пати, но Барселона добро го бранеше својот голот, а до крајот успеа да ја сочува предноста и да запиша уште една голема победа во „Ел Класико“. Ова е трето „Ел Класико“ во низа во Мадрид кое го добива Барселона. На претходните два натпревари беше 3:0 за Каталонците.



