Според „легендата”, единствениот тим кој може да ги сруши „Патриотите” е Њу Јорк Џајантс. Сепак, најверојатно овој услов може да го исполни само Илај Менинг кој успеа да ги порази Патриотс во два Супер Боул натпревари. Новиот руки квортербек на Џајантс – Даниел Џонс, не успеа да стане првиот руки квортербек кој победил на територијата на Бил Беличик заради синоќешниот пораз од 35-14. Младиот Џонс успеа добро да парира резултатски само до крајните минути на втората четвртина кога резултатот изнесуваше 14-14. Тачдауни за гостите постигнаа Тејт и Голден, а за Патриотс поентираа Винович, Болден, Ван Ној и Брејди. На овој натпревар, Брејди освои 313 јарди со додавање и се искачи на второто место на вечната листа за најмногу освоени јарди со додавање. Тој моментално има 72 257 јарди, а позади себе претходната недела го остави Брет Фавр (71 838) , а денес го престигна и Пејтон Менинг (71 940). На првата позиција и понатаму останува Дру Брис со 74 845 јарди. Со оваа победа, Патриотс имаат учинок од 6-0 за прв пат после 2015.



