Марко Маринковиќ-Слаткаристика по двата хита „Дијаманти“ и „Марадона“ повторно објави нова песна која е во соработка со дуото „Скандау“ од Бугарија. Новата песна се вика „Динеро“ за која музиката ја напишал самиот Слаткар. Текстот е негов и на бугарското дуо, додека аранжманот на Иван Јованов – Ивајо.
Видео го изработила екипата на „God Eye Production“ а во спотот како модел се појавува Калтрина Криезиу – Балаш.



