Катар ја освои првата историска шампионска титула од Азиските игри кој овој пат се одржуваа во Аби Даби. Јапонија во финалето беше фаворит на хартија но репрезентативците на Катар пред се со желба и дисциплина стигнаа адекватно да се спротистават на противникот.
Водството го отворија катарците во 12. минута со атрактивниот гол со ножички на Амоез додека во првото полувреме со удар од дистанца преку Хатим во 17. минута Катар го дуплира водството. Во вториот дел голема неизвесност донесе погодокот за намалување на резултат од 1:2 во 69. минута со голот на Минамино. Сите дилеми го разреши Афиф во 83. минута кога го реализира ударот од белата точка за историски триумф од 1:3.



