Каролина Гочева ја доби наградата “Најдобра етно нумера” на MAC Awards. MAC Awards или Music Awards Ceremony се првите регионални музички награди. Церемонијата на доделување проследна со спектакуларни настапи на ѕвездите од регионот се одржа во Комбанк арена во Белград.Каролина настапи на церемонијата заедно со Бајага, Јелена Карлеуша, Тони Цетински, Стјепан Хаусер и многу други музички ѕвезди.
Оваа емотивна балада ја изведе и во живо, а нејзиниот настап дополнително го збогати одличната сценографија. Настапот можете да го погледнете во продолжение.



