Во четвртото коло од Првата македонска одбојкарска лига во женска конкуренција се соочија екипите на Работнички и Вардар. Во полната сала на ОУ „Невена Георгиева – Дуња”, избраничките со црвено-бела опрема славеа со 3-1. Првиот сет го доби Работнички со 25-16, а Вардар израмни експресно со 22-25. Во наредните два сета, Работнички покажа одлична игра и ги доби убедливо со 25-17 и 25-12.
После првите четири кола, Работнички забележа максимален учинок, додека ова е првиот пораз за Вардар, а воедно и прв натпревар на којшто загубија сет.



