Екипата на Винипег Џетс го запиша вториот пораз во низа на домашен терен откако синоќа беше совладана од Сан Хозе Шаркс. Калифорнискиот тим победи со 2-3, а пресврт направи во третата третина со головите на Мелкер Карлсон и Тимо Мајер. Првиот гол за Шаркс го постигна Маркус Соренсен во првата третина за водство од 0-1. Двата гола за домаќините беа дело на Кајл Конор и Блејк Вилер во втората третина, а особено ќе остане запаметен голот на Конор кој направи неверојатен потег за да го совлада противничкиот голман – Арон Дел.
Сличен погодок, пред само неколку денови постигна и ѕвездата на Калгари Флејмс, Метју Ткачак, токму против истиот противник. Повеќе за тоа можете да видите на следниот линк:
https://www.javisejuzna.mk/?p=66059



