Зимски Класик е натпревар во НХЛ кој се игра на отворен стадион пред голем број на публика. Оваа година, домаќин беше „Котон Боул” во Далас кадешто, пред речиси 86 000 гледачи, се соочија домашните Далас Старс против Нешвил Предаторс.
По првата третина, Предаторс имаа позитива од 0-2 со головите на Душен и Фабро. Во втората третина, Далас, преку Комо, ја намали предноста, а во третата стигна и до пресврт. Најпрво, на 2-2 израмни Јанмарк преку пауер-плеј голот во 58. секунда од третиот дел, а со головите на Радулов и Секера, Далас ја потврди победата и го постави конечниот резултат од 4-2.
Со оваа победа, Далас изби на третото место во Западната Конференција, а Нешвил се наоѓа на 11. позиција.



