Екипата на Отава Сенаторс направи доста сензационален резултат совладувајќи ја моѓната екипа на Далас Старс. Домаќините од главниот град на Канада беа поуспешни со 4-3 после продолжение. Најпрво, Далас поведе со голот на Џон Клингберг, а Отава направи пресврт преку Жан-Габриел Пажо и Брејди Ткачак. До крајот на првата третина, Далас успеа да израмни на 2-2 со вториот гол на Стивен Џонс во оваа сезона. Во втората третина немаше голови, а третата започна со ново водство на Сенаторс. Тајлер Енис со својот четиринаесетти гол сезонава го промени резултатот во 3-2, а на 3-3 израмни Џоу Павелски на пет минути до крајот. Во продолжението, Отава стигна до победата со одличниот погодок на Артем Ансимов после контранапад.
Далас, со оглед на тоа дека загуби после продолжение, заработи еден поен што му помогна да се искачи на првата позиција во Западната конференција. Олеснителна околност за тимот од Тексас е дека актуелните шампиони, Ст. Луис Блуз, ја продолжија својата очајна серија и синоќа запишаа нов пораз од Нешвил Предаторс со 2-1. Од друга страна, Отава е претпоследна екипа на истокот.