Чикаго Берс стигнаа до третата победа во низа откако ги совладаа Далас Каубоис среде Илиноис со 31-24. Претходните две победи ги изборија врз Детроит Лионс и Њу Јорк Џајантс. Со овој пораз, Далас е во тотално спротивна состојба со три порази во низа.
По почетното водство од 0-7 на Каубоис, следуваше серија од 24-0 на Чикаго и водство од 24-7 после третата четвртина. Последната четвртина ја доби Далас со 7-17, но сепак тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
Чикаго, после ова коло, е со учинок од 7-6 и значително си ги задржа шансите за плејоф особено доколку Минесота загуби во недела од дивизискиот ривал – Детроит.



