На ,,Ел Мадригал” Вилјареал го искористи отсуството на Меси од стандардната постава на Барселона и до пред самиот крај имаше два гола предност, односно сигурно водство од 4:2, но резервистот Меси од слободен удар повторно постигна спектакуларен гол, а Суарез во последните моменти од мечот со волеј со лева нога ги постави конечните 4:4.
Во натпревар со многи пресврти, постигнати голови, неизвесност и возбудувања најреален епилог е поделбата на бодовите. На стартот на мечот каталонците имаа брзо водство од 0:2 со головите на Кутињо во 12 и за 0:2 зголеми Малком во 16 минута, сепак на полувреме се замина со резултат од 1:2 со голот на Чуквуезе.
Стартот на второто полувреме беше одбележан со резултатски пресврт каде домаќините од негатива дојдоа до предност од 4:2 со погодоците на Екамби, Ибора и Бака, а клучниот момент за домаќините се случи во 86 минута кога нивниот дефанзивец Алваро доби црвен картон и со играч помалку на терен Вилјареал немаше сили да ги задржи трите бода туку само едниот бод.



