Во Флорида се одигра еден доста интересен натпревар помеѓу Џексонвил Џагуарс и Канзас Сити Чифс. Гостите го отворија натпреварот одлично – со тачдаун уште од второто додавање на Махоумс кон Воткинс. Новиот квортербек на Џексонвил – Ник Фолс го постигна првиот тачдаун за новиот клуб со одличен пас од 35 јарди за Диџеј Чарк, но при тоа додавање доби незгоден удар и беше приморан да го напушти теренот. Слична судбина го снајде и Тајрик Хил.
Новиот руки квортербек на Џексонвил – Гарднер Миншу, го забележа своето деби и постигна два Тачдауни. Натпреварот заврши со 26-40 во корист на Чифс.
Факти од натпреварот:
– Со постигнатиот тачдаун во првата четвртина, Канзас Сити се изедначија со Грин Беј Пекерс (во 2014-2015) на првата позиција за најмногу натпревари во низа со постигнат тачдаун во првата четвртина – 22.
– Махоумс имаше 211 јарди со додавање во првата четвртина што е најмногу освоени јарди со додавање во првата четвртина уште од 2004 кога Пејтон Менинг освоил 247 јарди против Грин Беј Пекерс.
– Канзас Сити го продолжуваат својот рекорд од 22 натпревари со постигнати 25+ поени.
– Прв изгубен фамбл за ранингбекот на Џексонвил – Леонард Фурнет уште од 12 ноември 2016 кога играл за колеџот ЛСУ против Арканзас. Воедно ова беше и прв негов изгубен фамбл во НФЛ после 473 допири со топката.



