Спектакуларен натпревар на ,,Ноу Камп” во Супер Ел Класико, овој пат од полуфиналето на кралскиот куп, односно популарно нареченото Копа Дел Реј. Првиот дел од првото полувреме ,,кралевите” подобро го отворија мечот и затоа сосема заслужено поведоа со голот на Лукас Васкез на асистенција на Карим Бензема во 6. минута од натпреварот, а резултатската позитива можеше да биде поголема за Реал Мадрид ако младиот бразилец Винициус беше поконцентриран во завршницата на акциите.
Во вториот дел домашните фудбалери повеќе ризикуваа и се повеќе притискаа на половианта на противникот, а таквиот пристап им донесе израмнување во 57. минута кога бразилецот Малком го најде патот до мрежата за 1:1.
Во 63. минута од клупата за резерви влезе во игра Лионел Меси и нападите на Барселона беа се поопасни но без реализација и затоа резултатот од 1:1 е реален по сите случувања на теренот. Во Мадрид на ,,Сантјаго Бернабеу” неочекува пеколен реванш натпревар.
Видео: Барселона 0 – 1 Реал Мадрид стрелец Васкез
Видео: Барселона 1 – 1 Реал Мадрид стрелец Малком



