Mакедонското електронско дуо Cyrillic македонската народна песна „Твоите очи Лено” ја спакуваа во модерен звук и направија нова верзија на која и дадоа наслов „Севда“ .
Македонската поп пејачка Наташа Малинкова ги пее вокалите во оваа нумера, додека видеоспот е во режија на Зоран Зонде Стојановски. Марија Давчевска ја толкува главната улога во спотот на оваа преубава песна.



