На натпреварот од швајцарската хокеарска лига помеѓу Давос и Лугано се случи нешто што ќе биде запаметено во историјата на оваа лига. Имено, при резултат од 3-2 во корист на Давос, Лугано имаше напад. Сите присутни го видоа пакот во голот, но не и дефанзивецот на Давос, Магнус Нигрен. Швеѓанецот направи неверојатна ,,парада” и спречи израмнување. На крај, резултатот од 3-2 се покажа како конечен.



