Македонскиот блуз мајстор Игор Атанасовски – Гуру Харе сними заедничка песна со легендарниот Аки Рахимовски – вокалистот на култните „Парни Ваљак“. Автор на музиката и на текстот на песната е самиот Гуру Харе, додека Диран Тавитјан го направи аранжманот.
Спотот е во режија на Огнен Шапковски, директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а го изработи „Мелем продукција“.



