Влатко Миладиноски вчера премиерно на сопствениот YouTube канал го претстави својот најнов видео запис за големиот хит „Се вратив сине“ испеан на Фолк Фест „Валандово 2018“. Автори на оваа преубава печалбарска приказна се Златко Миладиноски аранжман и музика, додека текстот е дело на Драган Матески. Прекрасното видео е дело на IN TV, а беше снимено во Швајцарија.



