Во рамките на 1/4 финалето од Копа Дел Реј на ,,Месталја” Валенсија го одигра реваншот против Гетафе, каде што на првиот натпревар ,,Лилјаците” загубија со 1:0 од Гетафе, а ништо добро не му се пишуваше ниту на стартот на мечот од реваншот кога гостите постигнаа гол веќе во прва минута преку Молина за 0:1.
Во вториот дел гол за надеж постигна Родриго во 61. минута, а шансите домаќините ги зголемија кога фудбалерот на Гетафе Џене во 74 минута доби втор жолт картон, а со тоа и црвен па го остави својот тим со играч помалку на терен.
Во овој момент Валенсија тргна во целосна офанзива, а бенефит од таквиот пристап го имаа во судиското продолжение кога најпрвин во 92. минута Родриго постинга гол за 2:1. а во наредната 93. минута истиот фудбалер постигна гол за 3:1 за комплетирање на хет-трик и својот тим го пласира во полуфинале.



