Битката за титулата во шпанска Примера по вечерашната пресметка помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид е веќе завршена затоа што во директиот нивен дуел домаќините славеа со резултат од 2:0. Уште во 28 минута, Атлетико Мадрид беше со фудбалер помалку на терен затоа што Диего Коста непримерно преговараше кон судијата и доби заслужен директен црвен картон.
Во вториот дел теренска иницијатива на каталонците и неколку зрели шанси кои што голманот Јан Облак на чудесен начин успеваше да ги сопре, но беше немоќен во 85 и 87 минута пред налетите на Луис Суарез и Лионел Меси кои со два брзи гола го заверија триумфот на 2:0 за нови три бода и само рутинско одработување на крајот на сезоната за подигнување на шампионскиот трофеј.



