Во рамките на 26. коло од Бундеслигата на домашен терен Херта е поразена од Борусија Дортмунд со резултат од 2:3. Домашната екипа натпреварот го заврши со деветмина фудбалери затоа што заработија две исклучувања во текот на средбата.
Смешен и бизарен црвен картон доби Ибишевиќ кога од далечина со топка го погоди во глава противничкиот голман и по прегледувањето на ВАР-системот главниот судија одлучи да додели директен црвен картон. Во прилог и видео од целата ситуација:



