Репрезентацијата на Белорусија стартуваше со победа на Европското првенство откако славеше над Србија со 35-30 (полувреме 16-15). Најдобри стрелци во Белорусија беа Kаралек со 9 и Шилович со 5, додека кај Србија се истакна Богдан Радивојевиќ со 6 гола.
Ракометната репрезентација на Германија ја победи Холандија со 34-23 во првото коло од групата Ц на Европското првенство. Најефикасен ракометар на натпреварот беше Смитс со 7 од селекцијата на Холандија, додека во Германија се истакнаа Хефнер и Колбахер со по 5 погодоци.



