Во рамките на 34. коло од англискиот Чемпионшип, македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски во 68. минута постигна спектакуларен гол од далечина кога наместо центаршут, се реши на директен удар и постигна ретко виден гол, за триумф на Лидс Јунајтед од 2:1 против Болтон. Ова беше вкупно шести гол на Алиоски во првенството.
Видео: Езџјан Алиоски донесе три бода за Лидс Јунајтед



