Велс и Франција се судрија во третото четврт-финале од СП 2019. И двете екипи влегоа непоразени во овој дуел, но треба да се има во предвид дека натореварот помеѓу Франција и Англија беше одложен заради тајфунот Хагибис. Во групната фаза, Велс покажа поубедливи партии од Франција којашто прилично се мачеше со Аргентина и Тонга.
Сепак, Французите го отворија натпреварот со два есеи во првите осум минути. Поентираа Вахамахина и Оливон, а Нтамак погоди една конверзија. Само неколку минути подоцна, Велс го намали заостатокот преку есејот на Вејнрајт и конверзијата на Бигар. Во 20. минута, Бигар повторно поентираше, но овој пат беше прецизен од пенал и ја намали предноста на Франција на 12-10. „Сините” повторно си ја зголемија предноста во 31. минута преку целосниот есеј на Вакатава и Нтамак.
Во 49. минута, поентерот на првиот есеј на мечот – Вахамахина, доби црвен картон, па Франција го одигра последниот половина час со играч помалку. Во 54. минута, Бигар повторно поентираше од пенал, а на шест минути пред крајот капитулираа Французите. Мориарти постигна есеј, а Бигар преку успешната конверзија му го донесе на Велс првото водство на натпреварот и победа од 20-19. Во полуфиналето, Велс ќе го чека победникот од Јапонија и Јужна Африка.



