Новите прволигаши во ПМФЛ екипите на велешки Борец и Струга Трим Лум се востински хит во првенството. Двата тима имаат огромна домашна подршка, па затоа и не зачудува фактот што постојано го зголемуваат бодовното салдо и се во одлична форма.
Во Велес домашната екипа дојде до сензационална победа над минатогодишниот шампион, тимот на Шкендија со минимален триумф од 1:0 со голот на Прелчец, додека во Струга исто така домашната екипа стигна до важен и вреден бод против Шкупи кој претендира за висок пласман. За стружани голот го постигна Јахја, додека кај гостите стрелец беше бразилецот Сержињо.



