Гостувањата во Билбао за Барселона секогаш се незгодни, а истиот случај и оваа сезона, затоа што каталонците повторно неможеа да го поминат бедемот од домашни фудбалери и крајниот резултат гласи 0:0 за поделба на бодовите. Овој нерешен резултат најмногу ќе ги израдува мадридските тимови Реал и Атлетико кои заедно со Барселона се во трка по шампионската титула во Примера.



