На велеслаломот одржан во австрискиот Лиенц, до првата победа во оваа дисциплина сезонава стигна Американката Микаела Шифрин.
24-годишната Шифрин ја имаше и најдобрата прва и најдобрата втора серија што ја однесе на победата. Вкупното време ѝ изнесуваше 2:07.31, што беше за цели 1,36 секунди подобро од второпласираната Марта Басино. На третото место заврши Катарина Линсбергер којашто беше седмопласирана после првата серија. Победничката на последниот велеслалом во Куршевел, а воедно и на последниот велеслалом во Лиенц – Федерика Брињоне, заврши на четвртото место. Една од главните конкурентки на Шифрин – Петра Влхова, беше последна со заостаток помал од две секунди и го завзема крајното петто место. Во првите десет завршија Холтман, Дире, Робинсон и Хектор.



