Диме Илиев одиграл над 150 театарски улоги од кои поголем дел главни, осум улоги на филм, 18 телевизиски и 200 радиодрамски улоги. Наградата „Петре Прличко” е востановена во 2006 година.
Претседателот на жирито за доделување на наградата „Петре Прличко” за 2019, Сашо Димоски соопшти дека во конкуренција биле четворица актери и дека жирито едногласно ја донело одлуката добитник да биде 67-годишниот Диме Илиев.