Оваа сезона менаџерот на Манчестер Јунајтед, норвежанецот Оле Гунар Солскјер кој е прославено фудбалско име на ,,Олд Трафорд” има своја стратегија и план како треба да изгледа и како треба да игра неговиот тим претстојнава сезона.
Солскјер доведе три британски засилувања и тоа Даниел Џејмс од Свонски, Арон Ван Бисака од Кристал Палас и Хари Мегваер за сума од 150 милиони фунти, а освен тоа разислува да им даде шанса на помладите фудбалери како што се Тахити Чонг, Анхел Гомез и Мејсон Гринвуд.
Затоа во овој летен преоден рок раководството размислува да се ослободи од фудбалери кои не го дадоа посакуваниот ефект во изминатиов период, па Ромелу Лукаку потпиша за милански Интер, долго се шпекулираше за трансфер на Пол Погба на ,,Сантјаго Бернабе”, а последно има кое се поврзува со заминување од ,,Олд Трафорд” е 30-годишниот чилеанец Алексис Санчез кој за 18 месеци поминати во тимот има постигнато мизерни пет погодоци, а зема неделна плата од невероватни 500.000 фунти.
Како што пренесува Скај Италија, Санчез веќе ги договорил условите со италијански Интер каде ќе игра заедно со својот колега од Мачестер Јунајтед Лукаку каде се чека само на договор помеѓу двата клуба и постои можност тоа да биде само едногодишна позајмица со можност на откуп за следната сезона. Освен напаѓачот на излезна врата е и дефанзивецот Маркос Рохо кој се поврзува со трансфер во тимовите на Рома и Фенербахче.



