Последниот натпревар од третото коло во Чемпионшип го одиграа Рединг и Кардиф.
Популарните „Ројалси” покажаа одлична игра во првото полувреме, а истата беше крунисана во 25. и во 40. минута кога новото клупско рекордно појачување од 8 милиони, Георге Пушкаш, ги постигна своите први голови во Чемпионшип.
Кардиф, цело второ полувреме напаѓаше, но сепак не успеа да постигне погодок. Неискористените шанси му се „одбија од глава” во 83. минута кога Свифт, после контра, стави точка на натпреварот.
До крајот, Рединг имаше и шанса за потполно да го декласира противникот, но Смитис успеа да го одбрани пеналот на Меите.
Со победата од 3-0, Рединг ги заработи своите први поени и му го нанесе вториот пораз на Кардиф сезонава.



