Кристијано Роналдо и службено е најлошиот изведувач на слободни удари во Серија А. Португалскиот интернационалец во последните неколку сезони има катастрофален учинок во реализација од слободни удари. Минатата сезона успеа само еднаш да постигне гол од оваа позиција. Откако е во Јувентус има шутирано вкупно 13 пати кон голот и нема сеуште постигнато гол од слободен удар за ,,Старата дама”.
Навивачите на Јувентус се незадоволни од Масимилијано Алегри што оваа улога му ја има доверено на Роналдо, наместо на Миралем Пјаниќ или Пауло Дибала. Во Серија А најуспешни од оваа позиција се полјакот од Наполи, Аркадиуш Милик (два гола од три обиди) и Александар Коларов од Рома кој има учинок од (два гола од седум обиди).



