Македонскиот олимписки комитет во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја продолжува Олимписката обука за напреден спортски менаџмент, активност за која се смета дека е дел од главните фактори кои даваат голем придонес кон постигнување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти и национални репрезентации.
Едукативниот програм е со траење од 6 модули и ќе започне кон крајот на месец ноември 2019 година. Истиот треба да заврши до мај 2020 година.
Програмата на обуката во потполност е диктирана од страна на ИОК, а е осмислена во соработка со повеќе од 150 светски признати научници и експерти од спортскиот менаџмент и опфаќа учење за клучните компетенции кои се неопходни за успешно раководење со ОСО преку следните модули:
– Вовед во Олимписка обука за напреден спортски менаџмент;
1.Менаџмент и организација на ОСО-ии;
2.Стратешко управување на ОСО-ии;
3.Управување со човечки ресурси на ОСО-ии;
4.Управување со финансии на ОСО-ии;
5.Спортски маркетинг на ОСО-ии;
6.Организирање на спортски настани
како и
7. Спортско арбитражен суд
8. Aнти-Допинг едукација
Кандидатите мора да бидат 100% присутни на сите предавања (едно одсуство ќе значи дека кандидатот се откажал од обуката и не е во можност да ја продолжи/заврши истата) и квалитетно да ги изработат трудовите од областа на првите шест модули (седмиот и осмиот се факултативни). После секој завршен модул (предавање), кандидатот мора да изработи труд во врска со секое од горе наведените предавања, во “Word” и “Power Point”.
Секој кандидат ќе мора да ги задоволи следните услови:
– Да е делегиран од страна на највисокиот менаџмент на спортската институција (доказ: допис од НСФ или од институцијата која го предлага);
– Да поседува одлично познавање на англиски јазик;
– Да има искуство и резултати во работата во својата спортска институција (кратка биографија на кандидатот). За жал оваа професија не функционира на најдобар начин во Македонија и ќе треба уште многу време и труд за да се дојде до едно пристојно ниво на функционирање.



