Репрезентацијата на Норвешка ја совлада Унгарија со 35-26 и стигна до нова победа на Светското првенство со која е се поблиску до полуфиналето. Магнус Јондал со 7 голови беше најефикасен кај победникот, додека Балог со 11 гола беше најефикасен кај селекцијата на Унгарија и воопшто на теренот. Норвешка сега очекува победа на Данска против Шведска за пласман во полуфиналето, додека Унгарија заврши на 5-то место во групата и ги загуби шансите за Олипмписки квалификации.



