Виктор Гигов голманот кој до лани го бранеше голот на Селка, а оваа есен беше слободен играч потпиша со Анталијаспор поранешниот тим на Петар Ангелов Диви. Тој стави потпис на договорот до крајот на сезоната.
Во кариерата искусниот голман има брането за неговиот матичен клуб РК Борец, РК Младост од Богданци, РК Вардар, РК Пелистер. Потоа започнува интернационална кариера во ИБВ (Исланд ), па РК Тедико Борец, РК Југ Куманово, РК Цриквеница (Хрватска), Аполон Каламариа (Грција 3 години), Короса (Јужна Кореја), Мерсин (Турција 3 години),Кајсери (Турција), Селкаспор (Турција 2 години)…и сега Анталијаспор.



