Металург 2 е шампион во Првата Лига откако на последниот натпревар на гости кај екипата на Вардар Неготино славеа со 24:32.

Со оваа победа Металург 2 направи недостижна предност пред Работнички и Јуниор Кисела Вода кои во сабота во меѓусебен дуел кој се игра од 13 часот во Кисела Вода ќе се борат за второто место кое пак носи бараж натпревар со екипата на Прилеп за последното место во Супер лигата.
Вардар Неготино – Металург 2 24:32 (полувреме 12:10)
Вардар Неготино: Ташев 3, Ивановски, Јакуловски 2, Арсов, Велков, Јанев, Стаменов, Окардов 4, Недевски, Коцев 2, Косановиќ 3, Јефремов, Вељанов 5, Паланков 1 и Кузманов 4.
Металург 2: Василевски, Божиновски, Мијатовиќ, Михајлов 5, Кондев 5, Попов 1, Кофилоски 3, Гошевски 5, Митиќ 2, Ристовски 3, Серафимов 2, Л.Додиќ 1, Гогов 1, Тодевски 2, С.Додиќ 2 и Гајиќ.



