Македонската А репрезентација ги започнува подготовките за првиот натпревар од квалификациите за ЕУРО 2020 против Летонија кој го играме на 21. март на Националната арена “Филип Втори” во Скопје. На првиот собир во хотел “Гранд Плаза” селекторот на нашата репрезентација потврди дека поради повреда нема да смета на Иван Тричковски и Стефан Спировски.
Репрезентативците ќе имаат додатен мотив затоа што Горан Пандев на натпреварот против Летонија ќе го забележи јубилејниот настап по 100-ти пат во националниот дрес, што ќе биде само поттик за останатите да се потрудат да му честитаат со победа и освоени три бода.



