Луис ван Гал трофејниот холандски стручњак стави крај на богатата тренерска кариера на 67-години по барање на неговата сопруга. Луис ван Гал од 2016 година немаше ангажман откако последно го водеше Манчестер Јунајтед.
Прославениот тренер во текот на кариерата ги предводеше тимовите на Аз Алкмар, Ајакс, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, како и репрезентацијата на Холандија. Освои 20 трофеи меѓу кои и Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп со тимот на Ајакс во 1995 година.



