Заврши успешната серија на стружанки во кошаркарската лига и на домашен терен во Струга во салата ,,Нико Нестор” загубија од поискусните скопски кошаркарки тимот на ЖКК Вардар со резултат од 54:66 по четвртини (11:21; 15:11; 12:15 и16:19).
Вардарки имаат поискусни кошаркарки и репрезентативки кои во неизвесни натпревари ја преземаат одговорноста и носат позитивни исходи за тимот. Во победничкиот табор на ЖКК Вардар најефикасни кошаркарки беа репрезентативката Кметовска со 25 поени, а помош доби во Василевска која постигна 15 поени. Стрелци во тимот на ЖКК Струга 2009: Т. Стојановска 14 поени, А. Шеќероска 13, Г. Модева 11, Н. Белеска 8, М. Устијаноска 4 и И. Чолакоска зад своето име запиша 4 поени.



