Во последната секунда од мечот Мирко Радовиќ погоди за голема раост на битолската публика и втора победа во ЛШ со 32-31 (полувреме 18-12). 
Најдобри стрелци во битолскиот тим беа Острушко, Радовиќ и Јотиќ со по 6 голови, додека кај Савехоф се истакна Богојевиќ со 9 погодоци. Одличен на голот на Еурофарм Работник беше Николче Митревски со 14 одбрани. 



