По паузата поради репрезентативните настапи, се враќа на сцена македонскиот шампионат и тоа со 24. коло на програмата, каде што ќе има две скопски градски дерби пресметки. Првата е помеѓу Работнички и Вардар меч кој ќе се одигра на стадионот ,,Филип Втори”, а дербито со Вардар е од големо бодовно значење, како за ,,Романтичарите” така и за ,,Црвено-црните”.
Второто скопско дрби е помеѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ова пак е дерби со две спротиставени цели на клубовите, затоа што чаирчани се борат за висок пласман и излез во Европа, додека Македонија за опстанок во лигата. Лидерот Шкендија ќе има тешко гостување во Кратово против Силекс кој се обидува да излезе од опасната зона за испаѓање.
Прва МФЛ 24. коло:



