Трчањето е еден од спортовите со поинтензивен пораст во Македонија, а општо и во светот. Оваа година, низ Македонија се организираа многубројни трки и беа создадени неколку нови атлетски клубови.
Најновата вест од македонската атлетска сцена ни доаѓа од југот. Деновиве во Гевгелија беше формиран првиот атлетски клуб. Клубот ќе биде наречен „Седми ноември” во чест на денот кога бил ослободен градот. Овој спортски колектив е основан со цел да се промовира трчањето во Гевгелија, а воедно и да се покрене иницијатива за организација на трка низ „македонскиот Лас Вегас” во блиска иднина. Гевгелиските тркачи се сè поактивни на регионалните и државните трки остварувајќи и солидни резултати, па формирањето на атлетскиот клуб е само доказ за нивната посветеност и страст кон трчањето.
Линк од Фејсбук страната на АК „Седми ноември”:
https://www.facebook.com/AK7miNoemvriGevgelija/



