Челзи на својот стадион ,,Стемфорд Бриџ” во реваншот од полуфиналето на ,,Карабао куп” се сретна со Тотенхем и по завршувањето на регуларните 90 минути Челзи извојува победа од 2:1 со головите на Канте и Хазард, а единствениот гол за Тотенхем го постигна Љоренте.
Сепак поради поразот на првиот натпревар од 1:0 и вкупниот резултат од 2:2 се изведуваа удари од белата точка (Во Англија не важи правилото гол во гости), а во пенал рулетот Челзи беа посреќни и славеа со 4:2 па закажаа финале против Манчестер Сити.
Видео: Фудбалерите на Челзи го прославија пласманот во финалето



