Во рамките на 20. коло од кипарскaта прва лига Иван Тричковски го постигна единствениот победнички гол за Аек Ларнака на гостувањето против Докса каде настапува македонскиот интернационалец Душко Трајчевски.
Во 54. минута Тричковски постигна гол за гостите кој на крајот се покажа како доволен за нови три бода, а негов гол број 18 и се зацврсти на врвот на листата на стрелци во лигата.



