Вегас Голден Најтс и Ст. Луис Блуз го одиграа најинтересниот натпревар од денешната НХЛ програма. Домаќините од Невада беа подобри со 6-5, но победата дојде дури после продолжение. Ст. Луис имаше вкупно три водства и тоа за 0-1, 2-3 и 4-5, а во еден момент предноста изнесуваше и два гола разлика (2-4). Закари Санфорд постигна четири од петте погодоци, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Мекензи МекЕјкерн. Вегас Голден Најтс успеаја да ги анулираат сите свои резултатски заостатоци со головите на Мет Пачорети (2), Џонатан Маршесолт, Нејт Шмидт и Алекс Так. Победничкиот погодок го постигна Џонатан Маршесолт на средината од продолжението. За Канаѓанецот, ова беше 20. гол сезонава и втор на овој меч. За Вегас, оваа беше прва победа после двата последувателни порази, додека актуелните шампиони го запишаа и осмиот пораз на последните десет натпревари. Сепак и покрај лошата серија остануваат на првата позиција во Западната конференција, додека Вегас е шестопласиран.



