Екипата на Анахајм Дакс, на домашен терен ја пречека фаворизираната екипа на Вегас Голден Најтс. Гостите од Невада имаа контрола врз поголемиот дел од натпреварот, кој во регуларниот дел заврши со 5-5. Во последните три минути, Анахајм, со двата гола на Адам Енрик успеа од 3-5 да израмни на 5-5 и да го однесе натпреварот во продолжение. После неполни четири минути од продолжението, Шеј Тиодор постигна погодок за 5-6 и му ја однесе победата на Вегас. Останатите голови за Анахајм ги постигнаа Ник Ричи (2) и Девин Шор. За Вегас, поентираа Патрик Браун, Алек Мартинез и Вилијам Карлсон (3).
Анахајм го запиша четвртиот последовател пораз и е претпоследна екипа на Западот, додека Вегас, со својата шеста врзана победа го завзема четвртото место.



