,,Македонски приказни” е емисија од забавен и социјален карактер што ги опфаќа и ѕвездите од македонската естрада. Досега, имаат учествувано Ќиркович – Пинк Пантер, Ѓоко Ѓорчев, Војче Китаноски, Стевица Ристич и многу други. Во најновата епизода, гостин беше неповторливиот Игор Џамбазов кој објаснува интересни случки и анегдоти од својот живот. Освен Игор, задолжен за разгорување на атмосферата беше и комичарот Војче Китаноски кој полека почнува да се интегрира како дел од тимот на ,,Македонски приказни”.

За прв пат, Игор јавно проговорува за својот прв сексуален однос, а ги наведува и новитетите од серијата ,,Преспав”. Освен за актерската, Игор говори и за својата писателска кариера. Водителот на емисијата, Трајче Китановски, му приреди незаборавно изненадување на Џамбазов доведувајќи ја неговата внука Марија Прличкова во живо во емисијата. Токму Марија ќе биде личноста што ќе открие досега непознати работи за Игор и ќе открие дел од неговата интима и приватни пораки на друштвените мрежи.
Кој му е омилен лик од ,,Преспав” ? Каде живее Игор ? Дали би глумел во македонските народни приказни ? Одговорите на овие прашања и на многу други дознајте ги во новата епизода од ,,Македонски приказни”.



