Борко е херојот на Бенфика откако му помогна на својот тим да се пласира во групната фаза од ЕХФ-купот, елиминирајќи го хрватскиот вицепрвак Нексе.
Тимот на Нексе на првиот меч Бенфика славеше победа со 30-26, но Бенфика одговори резултатски на денешниот реванш во Португалија, триумфирајќи со 28-24 и успеа да се пласира во следната фаза благодарение на повеќе постигнати погодоци на гостински терен. Ристовски постигна гол од својот шестерец за водство од 15-11, прва предност од четири погодоци за Бенфика.
Македонскиот голман сепак најдоброто го сочува за самиот крај, бранејќи пенал на четири секунди до крајот, по што се најде во прегратките на соиграчите по осигураниот пласман на својата екипа.



