Кожув до петтиот триумф оваа сезона дојде триумфирајќи со Пелистер, Академија ФМП ја запиша втората победа по надигрувањето на Вардар, а пак екипата на Куманово дојде до лесна победа над вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка.
Резултати:
Пелистер 66:80 Кожув
Куманово 95:65 МЗТ Скопје Уни Банка
Академија ФМП 95:66 Вардар
Утре во рамките од седмото коло ќе играат Гостивар против Еуро Никел и Работнички против МЗТ Скопје Аеродром.
Кожув е лидер со 12 бодови на табелата каде што Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел и Куманово имаат по 11, Работнички 10 Пелистер и Академија ФМП 9 и Вардар 7 бодови.



