Набил Фекир, ѕвездата на Лион што беше мета на повеќе европски гиганти, одлучи кариерата да ја продолжи во шпанската елита. 26-годишниот Фекир потпиша договор со Реал Бетис до 2023, а зелено-белите од Андалузија издвоија 19,75 милиони евра и 10 милиони евра за бонуси.
Во договорот стои опцијата за доколку Бетис го продаде својот нов играч, Лион да заработи 20% од продажбата. Фекир беше член на Лион од 2013 и за францускиот тим одгира 144 натпревари проследени со 54 голови. Исто така, со репрезентацијата на Франција беше светски шампион на последниот мундијал во Русија. Братот на Набил, Јасин Фекир, исто така потпиша за Бетис.



