Во рамките на 21. коло од Прва МФЛ во Струмица се одигра дербито на колото каде што домашната екипа на Академија Пандев загуби од Шкупи со 0:2. Голот за водство гостите го постигнаа пред самиот крај на првото полувреме кога преку автоголот на Трајановски стигнаа до почетно водство.
Во второто полувреме во 78. минута Виктор Ангелов ги постави конечните 0:2 и тимот го придвижи кон горниот дел на табелата каде до крајот на сезоната ќе се борат за едно од местата кои водат во Европа. Во локалното скопско дерби во Скопје, помеѓу екипите на Вардар и Македонија Ѓорче Петров, победата им припадна на ,,Црвено-црните” фудбалери со триумф од 3:1.
Погодоците за победничката екипа ги постигнаа Најдовски и Ибиши во првото полувреме, додека неизвесност донесе Степјановиќ за намалување на резултатот од 2:1, а трите бода ги осигура Фелипе кој постигна гол за конечни 3:1.
На победнички патети се врати Работнички и на тешкото гостување во Прилеп против Победа издвојува минимална победа од 0:1 со голот на дефанзивецот Владимир Димитровски. Тетовска Шкендија продолжува триумфално и до нова победа дојдоа против Беласица со 3:0, а сите три гола домашните фудбалери ги постигнаа во вториот дел, каде што со водство отворија преку Емини и во последните десетина минути постинаа уште два гола преку Агим Ибраими и Имери.
Резултати 21. коло Прва МФЛ:
Победа 0:1 Работнички
Академија Пандев 0:2 Шкупи
Шкеднија 3:0 Беласица
Вардар 3:1 Македонија Ѓорче Петров
Силекс 0:0 Ренова
Табела – Прва МФЛ – Коло 21
| Тим | Поз | Коло | Поб | Нер | Пор | Г.Р. | Поени |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ФК ШКЕНДИЈА | 1 | 21 | 14 | 5 | 2 | 32 | 47 |
| ФК ВАРДАР | 2 | 21 | 11 | 5 | 5 | 9 | 38 |
| ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ | 3 | 21 | 11 | 3 | 7 | 8 | 36 |
| ФК РАБОТНИЧКИ | 4 | 21 | 9 | 4 | 8 | -1 | 31 |
| ФК ШКУПИ- 1927 | 5 | 21 | 8 | 6 | 7 | 2 | 30 |
| ФК РЕНОВА | 6 | 21 | 6 | 8 | 7 | -1 | 26 |
| ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 | 7 | 21 | 5 | 7 | 9 | -9 | 22 |
| ФК СИЛЕКС | 8 | 21 | 4 | 9 | 8 | -11 | 21 |
| ФК ПОБЕДА | 9 | 21 | 5 | 3 | 13 | -14 | 18 |
| ФК БЕЛАСИЦА | 10 | 21 | 4 | 6 | 11 | -15 | 18 |
Наредно 22. коло Прва МФЛ:
Ренова – Македонија Ѓорче Петров
Силекс – Победа
Работнички – Академија Пандев
Беласица – Вардар
Шкупи – Шкендија.



